За нас

Во 1995 година е основана фирмата Друштво за проектирање, инжинеринг, трговија и услуги ИВБИС ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, која се бави со увоз на половни машини, KARCHER нови машини, сервисирање на перачи под висок притисок на вода со резервни делови за сите машини од германски и италијански брендови. Воедно вршиме проектирање и инжи-неринг на self перални (самопослужување), како и поголеми системи за читење и систематско одржување на хигиената во внатрешни и надворешни средини за во секаков вид на индустрии.

На истата локација се гради нов објект со изложбен салон на KARCHER сервис со стручно обучени сервисери со сертификати од KARCHER Австрија. KARCHER е познат по неспоредливата разновидност во понудата на машини што се одликуваат со иновативна технологија, со ефикасност и економичност, со висок квалитет, трајност и со практичен и привлечен дизајн.

Во 1950 година KARCHER ја создаде првата машина за чистење под висок притисок. Денес е светски лидер на пазарот и нуди производи што имаат различна примена и според своите карактеристики можат оптимално да одговорат на потребите и на одредената намена, без разлика дали станува збор за машини што работат со топла или ладна вода, на струја или пак на бензински/дизел мотор, и дали се подвижни или статични.

Големата моќност на овие машини ги прави погодни за употреба во различни индустриски гранки: земјоделието, автомобилската индустрија, градежната индустрија, а исто така се приспособени и за поширока примена во угостителството, медицината и во одржувањето на хигиената на деловни, комерцијални и стамбени објекти.


KARCHER

  • Машините за чистење под висок притисок
  • Смукалки на вакуум за суво и мокро вшмукување
  • Машини за длабинско чистење на меки подни површини и на тапациран мебел
  • Машини за чистење со пареа на меки и тврди подни површини
  • Машини за чистење, полирање и кристализација на тврди подни површини
  • Машини за метење улици и надворешни површини
  • Машини за чистење снег

Како застапник за Македонија на поризводите на KARCHER обезбедуваме оргинални резерни делови и дополнителна опрема како и овластен сервис и поправка на машините од стана стучно обучени сервисери со сертификати од KARCHER Австрија.

Располагаме со хридраулича преса за стегање на армирани црева под висок притисок. Продажба на армирани црева за сите типови на перачи